групира (св. и несв.)
Околу централното наречје треба да се групираат сите наши научни и литературни сили за да го очистат и да го обогатат со сокровиштата од другите македонски наречја и да создадат од него еден убав литературен јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Затоа и Иван не успеа да го врати Крстета со првата група бојци од II македонска дивизија, кои се групираа во Софија и си тргнаа кон своите родни краишта по цела Македонија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чорбаџиите се групираат по четворица и прават едно бачило осумстотини, илјада молзници; двајцата ќе бидат молзничари, а двајцата — јаловари.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На неразбирлив и невидлив начин затворениците се групираа меѓу себе и му дава на секој кауш посебна физиономија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но имајќи го во вид фактот дека тој починал цела половина век пред да ја завојуваат Турците Потковицата, а и она, со тефтерот Акиноски, дека неа ја поседувале Акиноските уште одамна пред да биде завојувана од страна на Турците, може да се претпостави дека Загориче било основано во првите векови по населувањето на Славјаните во границите на Византија, може во 10. или 11. век, односно многу порано од она што го тврди науката дека пелагонските населби и села настанале во 17. и 18. век, групирајќи се околу турските чифлизи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кожата на лицето и снагата му беше ишарана со пишанки, бенки, та Богуле често се слекуваше пред огледало да ги гледа, зашто (онака како што му беа групирани по градите) му личеа на соѕвездијата: бик, овен, голема и мала мечка, ралник, пирустија, стрелец и други соѕвездија што ги учеше во училиште.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Не можеш да се групираш за борба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некои региони можат да бидат групирани или раздвоени на еден или друг начин.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Беше близу единаесет часот и во Одделот за документација, каде што работеше Винстон, луѓето почнаа да ги влечкаат столовите од полукабините и да ги групираат во центарот на салата, спроти големиот телекран, подготвувајќи се за Двете минути омраза.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но ниту едно јавно или приватно искажување никогаш не беше признато дека трите сили во кое било време биле групирани поинаку.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И навистина; сите ученици се беа групирале пред автобусите и се готвеа за враќање.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И џагорот стивнува, и в миг се групираат по одделенија, и влегуваат во училишната зграда, низ скалила, низ ходници - се рапределуваат секое одделение во сопствена училница.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Сојузничките воени сили особено имаат потреба да им се покажат складиштата и групирањето на непријателските трупи кое ќе се случи по прекинувањето на комуникациите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Секој од вокалите/раздели во „Две тишини“ има автентичен есеистички влез преку кој читателот се спроведува директно во „собата“ на песните групирани во тој и тој вокал.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Така би и со една книга од татковата библиотека, која не беше групирана, како другите од кои подоцна синот-наратор ги извлекуваше глобалните метафори (од книгите за козите, за јагулите, за јаничарите, за кадиските записи - сиџилиите, за јазиците, за религиите), туку таа беше во ракопис, составена од многу веќе пожолтени листови, безброј записи, како делови на еден незавршен книжен мозаик.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Збирот на минутите понекогаш изгледа поголем од неговите составни делови, па четириесет и пет минути не се состојат од една минута, па уште една, и така четириесет и пет пати - кога се групирани, минутите како да формираат некаков пакет, кој е полесно да се проголта како сендвич со шунка, кашкавал, зелена салата и кечап, а не само како сува кифла.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Групираа и прередуваа комбинации на мајмуни по потреба: за храна, за откривање резерви со нови мајмуни, за слабостите и силните страни на поединците и колективите, а на крајот од секоја темелна пресметка, изгладнето напаѓаа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Во неколку делчиња од паркот имаше дрвја, групирани така што потсетуваа на театарска сценографија која треба да претставува шума.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И, додека се групираа во поворка во неколку реда чекајќи да свирне кларинетот, се подместуваа и погледнуваа во бовчите кои ги носеа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Набргу се определи да ги групира книгите во тематски подрачја според принципот на глобални метафори, кои поуспешно и посогледливо при читањето го покажуваат тоталитетот на историскиот процес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)